Антикорупциска ќе проверува како е продаден паркингот кај „Холидеј ин“


Фото: Б. Грданоски

Комисијата за спречување на корупција самоиницијативно отвори предмет за продажбата на земјишетото спроти хотелот „Холидеј ин“, каде ќе се градат висококатници.

Антикорупција ќе истражува дали незаконско е окрупнувањето на земјиштето кај оваа локација, по што е извршена продажбата. Ќе се испитува и дали се прекршени основните начела за заштита на животната средина со изградбата на предвидените висококатници.

Антикорупциска ќе „чешла“ како е купен, односно продаден големиот паркинг-плац на атрактивна локација до Градскиот трговски центар.

Две фирми, пред повеќе од половина година, ја купија атрактивната парцела од 9.000 м2 за сума од 312 евра по квадрат, на која е предвидено да се изградат 60-катници.

Парите, во државниот буџет, беа уплатени еден месец пред да дознае јавноста, а се работи за 2,9 милиони евра.

Земјиштето е во сопственост на фирмата инвеститор „МГ Фешн“ заедно со Македонската православна црква, кои пак се спречени да почнат со градба поради мораториумот за градба што е на сила во Општина Центар.