Антикорупциска казни со глоба од 200 до 500 евра 86 поранешни и сегашни функционери


 

Антикорупциската комисија денеска објави список на 86 лица, сегашни и поранешни функционери, кои се казнети со глоби од 300 и 200 евра за различни работи – од недоставување информации до ДКСК до необјавување на нивната имотна состојба по завршувањето на мандатот.

На овој псиок има поранешни и сегашни пратеници, поранешни министри, членови на комисии и управни одбори, декани, директори.

Меѓу оние попознатите на овој список се поранешниот министер за здравство Фатмир Меџити, поранешниот вицепремиер Артан Груби, поранешните и сегашните пратеници Иванка Василевска, Талат Џафери, Борислав Крмов, Даниела Колева, Изет Меџити, Беким Ќоку…

ДКСК вели дека преку објавување на овие информации има за цел да ја информира јавноста во насока на охрабрување на граѓаните, како и институциите да се придржуваат до правните норми.

„Очекуваме дека со исполнување на оваа законска обврскa ќе се зголеми довербата во процесите на надзор и контрола, но и ќе се зајакнат напорите за ефикасно спречување на корупцијата и судирот на интереси во Република Северна Македонија.
ДКСК смета дека оваа мерка е исклучително значајна за зголемувањето на транспарентноста и отчетноста на секоја институција во борбата против корупцијата“, се вели во нивното соопштение.

Целиот список на казнетите функционери на следниов линк.