Анкета во Унгарија: Опозициската коалиција води со четири проценти пред партијата на Орбан


Лидерите на унгарската опозиција

Шестпартиската опозициска алијанса, која има за цел да го собори унгарскиот Виктор Орбан на изборите следната година, е во предност со четири процентни поени пред партијата Фидес на авторитарниот премиер откако избра заеднички лидер, според анкетата на јавното мислење објавена од ЗРИ „Завеч рисрч“ доцна во средата. Премиерот Виктор Орбан за прв пат ќе се соочи со обединет фронт на различни опозициски партии на изборите, кои најверојатно ќе се одржат во април, во кој се вклучени Демократската коалиција, социјалистите, либералите и поранешната екстремна десница, а сега десен центар – Јобик.

Анкетата, спроведена меѓу 11 и 19 октомври покажа дека поддршката за Фидес падна на 35% од 37% забележани во септември, додека опозициската алијанса ја зголеми поддршката на 39% од 38%. Околу 23% од луѓето рекле дека немаат партиски преференции.

Анкетата е објавена 10 дена откако алијансата го избра градоначалникот на еден мал град, Петер Марки-Зај, за свој премиерски кандидат. По повод 65-годишнината од Унгарското востание во 1956 година, во саботата (23 октомври), Марки-Зај рече дека доколку стане премиер ќе го екстрадира Никола Груевски во Македонија.