Анкета: Само половина од луѓето во светот мислат дека живеат во демократија
Само половина од светското население мисли дека живее во демократија, покажа студијата објавена денеска. Анкетата, која вклучува повеќе од 150.000 луѓе од 57 земји, е спроведена од германска агенција.
Во Соединетите Американски Држави, 46 отсто од испитаниците веруваат дека нивната земја е демократска, а според 40 проценти таа не е доволно демократска. Повеќе од половина Американци велат дека САД имаат позитивен ефект врз демократијата во целиот свет, но мнозинството од западните земји, како Канада, и повеќето европски држави сметаат дека влијанието е негативно..
Во Европа, 52 отсто сметаат дека ЕУ не работи во интерес на повеќето Европејци. Најкритични се Италија, Франција и Грција.
Според повеќето Европејци, банките и финансиската индустрија имаат негативен ефект врз демократијата во нивните земји, а најкритични по ова прашање се Грците.
Над 40 проценти од испитаниците во САД, Канада и Австрија сметаат дека социјалните мрежи како „Фејсбук“ и „Твитер“ се лоши за демократијата.