Анимирани и филмови за тинејџери од средината на јануари во Кинотека


Првите денови од календарската година, Кинотеката традиционално им ги посветува на најмладите љубители на филмот и на тинејџерите и за нив подготови програма од средината на јануари.
 
За најмладите гледачи од 13 јануари на пладневни проекции ќе ги прикаже популарните анимирани филмови „Биби, Боби и една снешкастична Нова година“, „Каламити Џејн“ и „Патешествието на принцот“. Биби и Боби младите гледачи ќе може да ги гледаат и на  попладневни проекции.
 
Тинејџерите ќе имаат можност да видат неколку играни филмови од поновата продукција – францускиот игран филм „Антоанета во Севените“ и италијанските наслови „Брат ми брка диносауруси“ и „Стакленото момче“. Филмовите ќе имаат вечерни проекции од 19 часот.