Андоновски: Винарниците и другите правни лица можат електронски да добијат Уверение за квалитет В1 – сертификат за извоз на вино


Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски информира дека се проширува опсегот на електронски услуги за компаниите со само еден клик. Андоновски преку објава на социјалните мрежи соопшти дека винарниците и другите правни лица можат електронски да добијат Уверение за квалитет В1 – сертификат за извоз на вино од Државниот инспекторат за земјоделство.

– Наместо посета на шалтер и дополнителна административна постапка, барањето може да се поднесе онлајн преку Националниот портал uslugi.gov.mk. Побрза постапка, помалку бирократија и полесен пат до извозните пазари – напиша министерот.

Со секоја нова е-услуга, како што нагласува Андоновски, создаваме поефикасна администрација и подобри услови за компаниите да произведуваат, извезуваат и растат.