Аналитичар проучувал скриени сметки на британска банка: Помогнала во финансирање терористи
Британска банка која избегна гонење за перење пари извршила трансакции во вредност од милијарди долари за финансирање терористички групи, се тврди во тужба поднесена во САД. Standard Chartered (SCB), една од најголемите британски банки, избегна гонење од страна на американското Министерство за правда, откако владата на Дејвид Камерон, поранешен британски премиер и актуелен министер за надворешни работи, интервенираше во нејзино име во 2012 година.
Новите документи доставени до судот во Њујорк наведуваат дека од 2008 до 2013 година банката извршила илјадници трансакции во вредност од над 100 милијарди долари со што ги прекршила санкциите наметнати на Иран. Независен експерт поврза трансакции од 9,6 милијарди долари со поединци и компании за кои американската влада верува дека финансираат терористички групи; меѓу кои се Хезболах, Хамас, Ал Каеда и Талибанците. Банката ги отфрли овие наводи.
Повреда на санкциите
Standard Chartered беше обвинета пред една деценија за фалсификување податоци за трансакциите на меѓународниот платен систем Свифт за да префрли милијарди долари преку својата филијала во Њујорк во име на санкционирани субјекти како што е Централната банка на Иран.
Но, во септември 2012 година, Џорџ Озборн, тогашниот канцелар во владата на Дејвид Камерон, тајно интервенираше во корист на банката. Три месеци подоцна, американското Министерство за правда ја отфрли натамошната кривична постапка против банката.
Банката двапати призна дека ги прекршила санкциите против Иран и други земји – прво во 2012 година, а потоа во 2019 година – плаќајќи казна од околу 1,7 милијарди долари. Притоа, таа не признала дека вршела трансакции во корист на терористичките организации, пишува Би-Би-Си.
Свиркачите посочија сѐ
Трансакциите беа скриени во доверливи банкарски табели кои првпат им беа предадени на американските власти во 2012 година од двајца свиркачи, вклучувајќи го и поранешниот директор на Стандард чартерд, Џулијан Најт.
По разгледувањето на документите, американските власти заклучија дека тврдењата на свиркачот не укажуваат на ново прекршување на законот, а судот го отфрли случајот. Сепак, независната анализа на експертот Дејвид Скантлинг не се согласува со ваквиот развој на ситуацијата.
Во судското поднесување минатиот петок, Скантлинг рече дека табелите содржеле записи за повеќе од половина милион скриени трансакции направени помеѓу 2008 и 2013 година, кои не биле веднаш и јасно видливи во табелите, но можеле да се најдат со поблиска анализа.
„Ова е шокантно“
„Податоците што ги добивме не се согласуваат со тврдењето на судот дека доказите на укажувачот не покажуваат скриено кршење на санкциите“, рече Скантлинг. Даниел Алтер, поранешен генерален советник во Одделот за финансиски услуги во Њујорк, кој прв го гони SCB за прекршување на санкциите, вели дека новите откритија се шокантни.
„Ова покажува застрашувачка врска не само со комерцијалните субјекти, туку и со терористичките групи, имено со терористички фронт за организации како Хамас, Хезболах, Ал Каеда и Талибанците“, рече Алтер.
ФБИ, американското Министерство за правда и Дејвид Камерон сè уште не ги коментирале овие тврдења. СЦБ е „уверена дека судот ќе ги отфрли новите обвиненија“.