Аналена Бербок уште вечерва оди во Париз, Брисел и Варшава

Новата германска влада не сака да чека ниту еден ден во остварувањето на новата политика, па министерката за надворешни работи, Аналена Бербок, веднаш по денешниот избор на кабинетот на Олаф Шолц вечерва заминува на нејзиното прво патување во Париз, Брисел и Варшава.
Во Париз утре изутрина ќе се сретне со нејзниот француски колега Жан-Ив ле Дријан, на пладне заминува на разговори со врвниот дипломат на ЕУ, Жозеп Борел, а во петок е во Варшава на средба со полскиот министер Збигњев Рау. Бербок пред една недела во интервју за „Шпигел“ најави дека еден од нејзините клучни приоритет е и обновувањето на динамиката на Вајмарскиот триагаолник (Берлин, Париз и Варшава). Темата на разговорите се европските прашања, иднината на ЕУ, како и безбедносната криза меѓу Русија и Украина.