Ана Винтур на свадбата на дизајнерот Марк Џејкобс


САД- Славниот дизајнер Марк Џејкобс (55) се венча со свршеникот Чарли Дефранческо (37) на раскошна церемонија во Њујорк, која собра ѕвезди од модната и забавната индустрија.

По церемонијата, младенците ги пречекаа своите гости во ресторанот „Грил“ во Менхетен. Меѓу нив беа и супермоделите Џиџи и Бела Хадид, Кејт Мос, Наоми Кемпбел, Емили Ратајковски, Каја Гербер и Хелен Кристенсен. Чаши за среќа на младенците кренаа и пејачките Рита Ора, Маја, Лил Ким.

На прославата присуствуваше и најмоќната жена во модата, Ана Винтур, главна уредничка на американскиот „Вог“.

Дефранческо е поранешен модел. Тој и Марк Џејкобс се во врска од 2015 година. Лани се свршија.

„Тајм“ неоклку пати го прогласуваше Џејкобс меѓу 100-те највлијателни личности во светот на модата. Сега има своја модна линија, под негово име, и богатството му се проценува на 100 милиони долари.

Џејкобс од 1997 година до 2014 година беше креативен директор на луксузниот моден бренд “Луј Витон“.