Ана Руцнер со омаж на Есма Реџепова: Танцувајте го својот живот
Хрватска– Хрватската виолончелистка со светска кариера Ана Руцнер и оркестарот на Елвис Бајрамовиќ, годинешниот победник на фестивалот на трубачи во Гуча, ги споија своите таленти и снимија видео клип за песната „Есма“, кој своето место ќе најде на најновиот албум на Ана „Класичен Балкан“.
„Есма“ е инспирирана од кралицата на ромската музика и е своевиден омаж на легендарната Есма Реџепова. Звуците на виолончелото, трубите и вокалот на Ана Руцнер, која пее на ромски јазик, се протегаат низ песната. Музички инспирирана од ритмите на балканската клима и енергичната ромска музика, „Есма“ е композиција од весела природа, чии текстови ги повикуваат луѓето да танцуваат, да танцуваат и да се забавуваат.
На едно место можеме да видиме весели луѓе, добра забава, врвни трубачи и едно виолончело кое ја обединува целата приказна. Видео клипот ја следи екстравагантната Ана Руцнер како шета низ белградските улици, а нејзиниот изглед ги збунува луѓето бидејќи изгледа како патник низ времето од некое минато, далечно време. Влегувајќи во блиското кафуле, таа веднаш се трансформира во убава Ромка и тогаш започнува вистински дернек, со врвна ромска музика, песна и оро.
Целиот текст и спотот на Глориа.хр тука