Американски дипломат во Мексико силувал 23 жени
Поранешен американски дипломат дрогирал, сексуално злоставувал и фотографирал вкупно 23 жени во текот на 14 години додека работел во американската амбасада во главниот град на Мексико, јави американското министерството за правосудство.
Од таму соопштија дека 45-годишниот Брајан Џефри Рејмонд призна вина за наведените злосторства. Може да добие казна доживотен затвор.
„Рејмонд го напушти Мексико по 31 мај 2020 година кога гола жена вриштела и повикувала помош“, се наведува во соопштението на министерството.
Жената вели дека не се сеќава на настаните по консумирање на храна и пијалоци кои ѝ ги дал Рејмонд.
Злосторствата почнале уште 2006 година
Истрагата исто така, откри стотина фотографии и видеа со повеќе од 20 онесвестени голи и полуголи жени.
Министерството јавува дека неговите злосторства почнале во 2006 година.
„Раката на Рејмонд се гледа на фотографиите и видеозаписите, а со неа ги допира очите, устата, градите и задницата на своите онесвестени жртви. Рејмонд , исто така, може да се види како со своите жртви лежи во кревет“, пишува во соопштението.
На интеренет пребарувал кој е ефектот од комбинација од таблети за спиење и алкохол.
ФБИ, преку соопштение, се заблагодари на жените кои се јавиле во врска со информации за понатамошната истрага.