Американската војска уби четворица водачи на Исламска држава


Американската армија соопшти дека, во координација со ирачките безбедносни сили, извршила напад во западен Ирак во кој се убиени четворица водачи на групата Исламска држава, вклучително и шефот на операциите во таа земја.

– Оваа операција беше насочена кон лидерите на Исламската држава и ги наруши и намали нејзините можности да организира и спроведува операции, соопшти командата на американската војска за Блискиот Исток.

Се додава дека во акцијата што била изведена на крајот на август биле убиени вкупно 14 членови на Исламска држава.