Американската крајбрежна стража летово заплени 34 тони дрога од прекуокеански бродови

Американската крајбрежна стража во текот на ова лето заплени над 34 тони дрога, проценета на околу 500 милиони долари, од бродови во Тихиот Океан и на Карибите, што претставува најголема заплена досега за оваа служба.
Крајбрежната стража соработуваше со Министерството за одбрана и пресретна 19 бродови и чамци кои пренесувале дрога околу островите Галапагос во Еквадор, Венецуела, Мексико, Доминиканската Република, Јамајка и Аруба, соопшти службата.
Некои бродови биле забележани и од авиони, по што биле пресретнати од истражните тимови.
Крајбрежната стража соопшти дека во акцијата се уапсени 34 осомничени трговци со дрога.
Запленетата дрога била истоварена во сојузната држава Флорида, а се состоела од околу 28 тони кокаин и 6,5 тони марихуана.
Агенцијата ја процени вредноста на дрогата на околу 473 милиони долари.
Администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп вети дека ќе ја реформира Крајбрежната стража и ќе го зголеми бројот на војници во неа до крајот на 2028 година.