Американецот кој се шегуваше со короната, почина од вирусот


Маж од Калифорнија кој на социјалните мрежи ги омаловажуваше вакцините и пандемијата, почина во средата во болница, по едномесечна борба со корона вирусот.

Стивен Хармон, член на црквата Хилсонг, беше главен противник на вакцините и често се шегуваше со тоа дека не се вакцинирал, пишува Би-би-си.

„Имам 99 проблеми, но вакцината не е еден од нив“, напиша тој во јуни.

„Не знам кога ќе се разбудам, ве молам, молете се за мене“

Но, сега, пред својата смрт, Хармон на социјалните мрежи ја документира својата борба со вирусот и објави своја фотографина во болнички кревет.

„Молете се за мене, сакаат да ме интубираат и да ме стават на респиратор“, рече тој.

Во средата, во својот последен твит, напиша дека одлучил да оди на респиратор.

„Не знам кога ќе се разбудам, ве молам, молете се за мене“, напиша.

Покрај својата борба со вирусот, Хармон и понатаму тврдеше дека нема да се вакцинира, затоа што заштита ќе му пружи неговата вера. Тој имаше 34 години.