Американците со своја Евровизија – Снуп Дог и Кели Кларксон домаќини на American Song Contest

САД – Раперот Снуп Дог и рок-пејачката Кели Кларксон ќе бидат вечерва домаќини на финалето на „Натпреварот за песна на Америка“ (American Song Contest), по теркот на Евровизија.Натпреварот ќе биде прикажан на американската мрежа Ен-Би-Си.
До финалето од шоуто кое почна во март, стигнаа десет изведувачи меѓу кои и поп-ѕвездата и ветеран Мајкл Болтон, а учествуваа изведувачи – солисти, дуети или групи од сите педесет американски сојузни држави, од областа на Вашингтон и од петте поврзани американски територии.

Кларксон беше победничка на првото издание на Американскиот идол во 2002 година, а потоа доби две „Греми“ награди и имаше милиони продадени албуми.
– Јас сум голем обожавател на евровизискиот концепт и воодушевена сум што овој музички феномен доаѓа во Америка. Возбудена сум што ќе работам со Снуп и едвај чекам да ја видам секоја држава и територија претставена од својот уметник, рече таа.