Американците сè повеќе се луди по фудбалот, истражувањето покажа податоци што беа незамисливи порано
Исражувањето на „Економист“ сведочи за големата популаризација на фудбалот во Соединетите Американски Држави, кој во моментов е трет најпопуларен спорт во оваа земја.
Иако фудбалот никогаш не бил блиску до најгледаниот и најпопуларен спорт во САД, неговата популарност расте од година во година. Особено брз скок на популарноста се случува во пресрет на Светското првенство, кое ќе се одржи во САД, Мексико и Канада во текот на следното лето.
Ова е поткрепено со неодамнешна анкета спроведена меѓу жителите на САД, која вели дека фудбалот скокнал на третото место по популарност во Америка.
Прашањето беше кој е најпопуларниот спорт за анкетираните лица, на што повеќе од 30 проценти од луѓето рекоа дека тоа е американски фудбал, 18 проценти рекоа дека тоа е кошарка, а на третото место беше фудбалот со 10 проценти.
Така, фудбалот го престигна бејзболот, кој го претпочитаат малку помалку од 10 проценти од населението на САД, а овој податок беше незамислив до пред неколку години.
Особено е значаен растот на популарноста на фудбалот меѓу помладите навивачи кои сакаат да ги следат двете најсилни европски лиги (Премиер лига и Ла Лига).
Во исто време, американскиот фудбал доминира кај населението во САД, но исто така има тенденција кон глобална експанзија.
Најпопуларни спортови во САД:
(1.) Американски фудбал
(2.) кошарка
(3.) фудбал
(4.) бејзбол
(5.) хокеј
(6.) тенис
(7.) боречки вештини
(8.) голф