Амбасадорот на Украина во Германија обвини германски политичари за „предавство“

Амбасадорот на Украина во Германија, Андреј Мелник, ги обвини германските политичари Штефан Вајл и Мануела Швезиг за „предавство на украинскиот народ“ поради нивните проруски позиции.
Вајл и Швезиг се премиери на покраините Долна Саксонија и Мекленбург-Западна Померанија.
Вајл ги критикува санкциите против Русија и верува дека тие не носат никаква политичка добивка. Од своја страна, Швезиг поддржува поблиска соработка со Москва.
Таквите изјави покажуваат „предавство“ од германските политичари, истакна Мелник.
Според него, Вајл и Швезиг се „соучесници“ на Кремљ, а и со своите постапки „ја уриваат довербата во Германија како посредник“.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска е во посета на Берлин. Од кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел соопштија дека таа и Зеленски ќе разговараат за билатералните односи, спроведувањето на договорот од Минск и реформите во Украина.