Амбасада на САД: Албанската полиција е опремена со најновите дронови од најновото американско производство
Амбасадата на САД во Тирана, денеска објави дека Единицата за борба против тероризмот на албанската државна полиција е опремува со најновите дронови од американско производство.
“Поддршката за албанските институции во областа на безбедноста останува приоритет, со цел зголемување на стандардите и ефикасноста во борбата против разни закани, стои во соопштението на амбасадата на САД.
Се додава дека овие дронови се опремени со напредна технологија за термичко снимање, што овозможува континуирано следење и преку ден и во текот на ноќта.
“Со технологијата за термичко снимање, овие беспилотни летала можат да ја подобрат способноста на државната полиција да ги следи ситуациите дење и ноќе за да ги заштити границите и да ги следи насилните елементи“, се наведува понатаму, објави АТА.
Според американската амбасада, овие беспилотни летала дизајнирани и произведени во САД, кои ги користат органите за спроведување на законот и американската војска и се изградени за да ги исполнат американските воени спецификации, сега се на располагање на албанската државна полиција.
-Овие дронови ја менуваат перспективата за тоа како Единицата за борба против тероризмот ја извршува својата работа. Ја зголемува нашата способност подобро да управуваме со ситуациите, да спречуваме насилни и терористички акти и да ги заштитуваме животите на албанските граѓани и странските посетители, наведуваат од државната полиција.
Според истиот извор овие дронови имаат можност да лебдат подолг временски период и обезбедуваат видно поле од 360 степени, со можности за зумирање, така што ништо не може да им избега од набљудувањето.
Во средината на минатиот месец Албанија доби донација од 50 камикази дронови YIHA-III, произведени од турската одбранбена индустрија, во рамки, како што изјави премиерот Еди Рама, на стратешката соработка со Турција.
Овие дронови се класифицирани како „loitering munition“, вид муниција што може да остане во воздух долго време, а потоа прецизно да ја погоди целта. Системот е дизајниран за прецизни напади врз радари, системи за воздушна одбрана и стратешки цели. Истите се во воздухопловната база во Кучово.