Алијансата на Таравари го исклучи од партијата притворениот директор на Геријатрија


Мухсин Арифи

 

Одлучувајќи според етичкиот кодекс на пртијата Комисијата за етика на Алијансата за Албанците (АА) на Арбен Таравари го исклучи притворениот директор на Геријатриската болница Мухсин Арифи. Директорот Арифи е осомничен дека побарал мито од 20.000 евра за да прими пациент во болницата. Арифи досега беше претседател на огранокот на АА во Сарај. 

Во соопштението на на партијата се вели дека AА нема да толерира никаква злоупотреба, прекршување на законот или на Етичкиот кодекс на партијата. „Владеењето со чисти раце не е само слоган, туку морална и политичка обврска за секој член на АА, бидејќи довербата на граѓаните се стекнува и се одржува само со посветеност, чесност и интегритет“, се вели во соопштението.