„Алибаба“ ги зголеми приходите за 34 отсто, достигнаа 22,2 милијарди долари


Кинеската компанија „Алибаба“ денеска ги објави прелиминарните податоци за приходите и профитот во првиот квартал од тековната финансиска година, што заврши во јуни.

Вкупните приходи на компанијата забележале раст од 24 отсто на 153,75 милијарди јуани (22,2 милијарди долари), а аналитичарите претходно предвидуваа раст на приходите до 147,77 милијарди јуани (21,3 милијарди долари).

„Алибаба“ во истиот квартал минатата година забележа раст на приходите од 42 отсто.

Приходите на „Алибаба“ од основната дејност – интернет трговија, пораснаа за 34 проценти на 133,32 милијарди јуани (19,27 милијарди долари) во првиот квартал.

Акциите на „Алибаба“ котираат на Њујоршката берза и од почетокот на годината нивната вредност е зголемена за 23 отсто.