Алесандра Амброзио во Белград: Прошета по „Кнез Михајлова“ и предизвика внимание со лежерниот изглед
View this post on Instagram
Во Белград моментално престојува во луксузен хотел, а се прошетала по „Кнез Михајлова“ која важи во регионот за модна писта, поради убавите и дотерани Србинки.
Алесандра за оваа лежерна прошетка избрала фустан со ефектен дезен т.н. „пејсил- дезен во орнаментален стил“ со розови и бели детали, и чантичка на „Шанел“, пишуваат српските медиуми.

По 17 ревии за американскиот моден бренд за долна облека “Викторијас сикрет“, топ-манекенката во 2017 година засекогаш ги симна ангелските крилја. Последен пат настапи на најскапата ревија на светот, на 20 ноември, за прв пат во Шангај, Кина, и се збогува со колешките од модната писта Андриана Лима, Кендис Сванепул, Лили Олдриџ…

Годинава беше дел од кампањата „Икони“ на брендот на Ким Кардашијан SKIMS заедно со
Хајди Клум, Тајра Бенкс и Кендис Свонепул.
Хајди Клум, Тајра Бенкс и Кендис Свонепул.




