Ален Берсе нов генерален секретар на Советот на Европа, прв Швајцарец на таа позиција
Поранешниот швајцарски претседател Ален Берсе е избран за генерален секретар на Советот на Европа со мандат од пет години, за време на седницата на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ).
Во вториот круг од изборите Берсе доби 114 гласа, додека останатите кандидати – поранешниот министер за култура на Естонија Индрек Саар и поранешниот министер за финансии на Белгија Дидие Рејндерс – добија 85, односно 46 гласа, објави ПССЕ.
Мандатот на Берсе ќе почне на 18 септември.
Congratulations to Alain Berset @alain_berset, former Federal Councilor and President of #Switzerland, on being elected Secretary General of the Council of Europe @coe ! He is the first🇨🇭to be elected to this position! pic.twitter.com/DHTsIEdqim
— Swiss Mission to the EU (@SwissmissionEU) June 25, 2024