Александар Гавриловски е 61 жртва од Кочани


Фото: Б. Грданоски

Александар Гавриловски е 61 жртва на пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој беше пратен на лекување во Литванија, потврди попладнево министерот за здравство Арбен Таравари.

– Денеска во 11 часот почина и вториот пациент којшто престојуваше во Литванија, се работи за Александар Гавриловски, роден на 7 март 1996 година, значи 29 години, којшто беше во критична состојба од почетокот – рече таравари на прес-конференција.

Гавриловски бил упатен од Општа градска болница на 17 март на лекување во Литванија. Неговата состојба била критична од самиот почеток, но од 4 април се влошила уште повеќе. Од вчера, пациентот бил на хемодијализа и за жал денеска во 11 часот починал.
Овој е вториот пациент кој почина од оние 193 што се лекуваа.

Тој имал 35 отсто изгореници, со изгореници и на дишните патишта. Бил критичен цело време, од оние четворица критични што цело време се кажуваат. Другите двајца кои се лекуваат се стабилни.