Албанија продолжува со вооружувањето, ќе купува дронови, системи за противвоздушна одбрана и хеликоптери


 Албанија ќе продолжи да се вооружува во 2025 година, за што во Предлог-буџетот за следната година предвидени се околу 180 милиони лека (98 лека=1 евро) за набавка на беспилотни летала.

– Беспилотните летала ќе бидат опремени заедно со командни и контролни системи. Првите шест авиони купени од Турција се веќе поставени во базата на НАТО во Кучово, додека за време на посетата на Тирана турскиот  претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека ќе донира и други камикази – беспилотни летала за Албанија, објави Ора њуз.

Според истиот извор, друго финансирање ќе биде заштитата од напади, за што се предвидува продолжување на проектот „противвоздушен систем на национално ниво” вреден 271 милиони лека, но кој се очекува да трае до 2027 година со вкупно 20 милијарди лека.

– Зголемувањето на капацитетот нема да застане тука. Албанија и следната година планира да  купи хеликоптер uh 69 black hawk, за што е предвидена сума од 6,6 милијарди лека. Друга иновација ќе биде купувањето авиони со повеќенаменски цели. Се очекува да се инвестираат 1,3 милијарди лека, наведува телевизијата.

Нивната намена ќе биде за гаснење пожари, но и за помош на луѓе заглавени во непристапни предели.