Ал Џазира: Израел го известил Египет дека има намера да ја прекине воената операција против палестински Хамас
Израелската влада ги известила египетските посредници во индиректните разговори за прекин на огнот со палестински Хамас дека има намера да ја прекине својата воена операција, јави денеска Ал Џезира, повикувајќи се на неименувани извори.
Во извештајот не се споменува кога би стапило во сила примирјето.
Хусам Бардан, член на политичкото биро на Хамас, нагласи дека не е постигнат договор со Израел за прекин на огнот и дека организацијата ќе ја процени ситуацијата и ќе одлучи што да прави ако извештаите дека Израел се подготвува да прогласи едностран прекин на огнот се точни.
Вечерва состанок на Советот за безбедност на Израел
Израелскиот безбедносен кабинет ќе се состане вечерва за да разговара за можен прекин на огнот по 11 дена воорушени судири меѓу Израел и Хамас, палестинското движење во Појасот Газа, рекоа официјални извори.
Тој состанок на кој би требало да присуствуваат премиерот Бенјамин Нетанјаху и главните функционети на зејата ќе се одржи во време додека се водат интензивни дипломатски напори за да прекинат судирите меѓу Хамас и Израел во кои досега од 10 мај смртно настрадаа најмалку 240 луѓе, повеќето Палестинци.
Нагласувајќи го напредокот на Израел во намалувањето на способноста на Хамас, американскиот претседател Џо Бајден, чија земја е прв сојузник на Израел, ги повика во средата на моментално сопирање на судирите.
Пратеникот на Обединетите нации за Блискиот Исток Тор Венесланд во четвртокот во Катар разговараше до шефот на политичкиот кабинет на Хамас, Исмаил Хани за деескалација на насилството на терен.
Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас во четвртокот беше првиот висок европски функционер кој дојде на Светата земја од почетокот на немирите.
Мас разговараше со Нетанјаху и приквечер треба да се сретне со палестинскиот претседател Махмуд Абас.
Со Абас во четвртокот телефонски разговараше и германската канцеларка Ангела Меркел. Двајцата изразија поддршка на напорите да се постигне што побрзо примирје.
Меркел го истакна правото на Израел да се брани од ракетни напади од Појасот Газа, рече нејзиниот портпарол.