Активиран aмбер алерт: Две деца киднапирани на Родос


Исчезнувањето на двете малолетни деца кои очигледно биле киднапирани од нивната мајка било пријавено во полициската станица во Родос.

Децата на возраст од 6 и 8 години исчезнале на 13 јули заедно со нивната мајка.

Во Грција е активиран амбер алерт со цел да се трага по деца, за кои се верува дека се во опасност, пишуваат грчките медиуми.

Тоа се Јоанис Рафаел Апостолакис (8) и Ирини Агапи Апостолакис (6).

Јоанис има кафеави очи и кафена коса, висок е 130 сантиметри и со нормална тежина. Не е познато што носел во моментот на неговото исчезнување.

Ирини има кафени очи и кафеава коса, висока е 115 сантиметри и слаба . Исто така, не е познато што носела во моментот на исчезнувањето.

Секој со каква било информација се замолува да се обрати на „Детска насмевка“ на 24-часовните телефонски броеви и на „Европската линија за исчезнати“.