Актерот од „Хари Потер“, Роби Колтрејн, почина на 72-годишна возраст


Познатиот актер, кој го толкуваше Рубеус Хагрид во франшизата Хари Потер, почина денеска, на 72-годишна возраст.

Во соопштение за медиумите неговата агентка Белинда Рајт ја сподели тажната вест: „Мојот клиент и пријател Роби Колтрејн почина во петок на 14 октомври.

Во соопштението, неговата агентка потврди дека актерот починал во болница во близина на Фалкирк, Шкотска. Таа го опиша Колтрејн како „уникатен талент“ додавајќи дека неговата улога како Хагрид им донела радост на децата и возрасните ширум светот.

Колтрејн исто така е познат по улогите во детективската драма на „ITV Cracker“ и во филмовите за Џејмс Бонд „Goldeneye“ и „The World is Not Enough“.