Актерот Алек Болдвин по седми пат татко
САД– Семејството на актерот Алек Болдвин (62) се зголемува. Неговата сопруга Хилариа , инструкторка по јога, со која се венча во 2012 година, се огласи на Инстаграм за да го објави нивното доаѓање на нивното новородено бебе. Споделувајќи семејна фотографија, Хиларија напишала „7“, мислejќи на нивните шест деца и на ќерката на Алек, Ајрланд Болдвин, која ја има од претходниот брак со Ким Бесинџер.
Хилариа, која имаше спонтан абортус во 2019 година, и Алек се родители на Кармен, 7, Рафаел, 5, Леонардо, 4, Ромео, 2 и Едуардо, 6 месеци.
Хилариа претходно беше на мета на критика на социјалните мрежи дека го лаже за своето шпанското потекло и дека додека растела во Масачусетс се викала Хилари. Потоа таа еден месец се исклучи од Инстаграм а на 5 февруари се врати со порака до своите следбеници.
„Последниот месец го поминав слушајќи, размислувајќи и прашувајќи се како можам да учам и да растам“, напиша таа. „Моите родители не воспитуваа со брат ми со две култури, американска и шпанска, и чувствувам припадност кон обете. Начинот на кој зборував за себе и мојата длабока врска со двете култури можеше подобро да се објасни – и жал ми е “.