Актерката Александра Дадарио е новата амбасадорка на Диор
Париз– Диор го именуваше својот најнов амбасадор.
Актерката Александра Дадарио, која глумеше во славните филмови „Anne Rice’s Mayfair Witches“, „White Lotus“ и „True Detective“, е прогласена за амбасадор на женската мода на Диор, како и на колекцијата мириси La Collection Privée.
Во соопштението на брендот се вели: „Александра ќе биде партнер со куќата, славејќи ги дизајните и креациите на женската креативна директорка Марија Грација Чиури и поддржувајќи ја убавината на Диор во категоријата мириси, особено La Collection Privée Christian Dior“.
Таа колекција го вклучува Gris Dior, кој, како што е соопштено, штотуку ја претстави кампањата во која се Џена Ортега, Тусо Мбеду, Маја Хоук, Џозеф Квин, Фаи Кадра, Лиу Јуксин и Орелсан. Грис Диор се смета за столб на колекцијата, како што е соопштено.
Иако партнерството со Дадарио е ново формализирано, не и е првпат да работи со брендот. Таа редовно го носи Диор, на сите гала настани. Таа присуствуваше и на модната ревија на брендот во Париз во февруари.
Козметичките оддели на куќата се исто така под ново раководство. Минатиот месец, LVMH откри дека Вероник Куртоа, претходно извршен директор на Guerlain, ќе раководи со брендот, наследувајќи го Лоран Клајтман. Ова следи по назначувањето на Делфин Арно за извршен директор на целокупниот бренд, која ја презеде улогата на 1 февруари, додека нејзиниот претходник Пјетро Бекари стана извршен директор на Луј Витон.