Акропол полн со туристи и покрај високите температури, имаше и инцидент


Опремени со чадори, капчиња, мини вентилатори, шишиња со вода и удобна летна облека, туристите во Атина, и покрај топлотниот бран, не се откажуваат од посета на Акропол, додека од грчкиот Црвен крст им делеа води и средства за заштита од сонце, информирајќи ги за мерките за превенција и справување со екстремно високите температури, на грчки и на англиски јазик, јави дописничката на МИА од Атина.

Грција од вчера ја зафати првиот топлотен бран за летово, а во грчката метропола температурата, не надминува 40 степени и затоа, засега нема најави за привремено затворање на Акропол, како што беше пракса лани за време на топлотните бранови.

Туристите со кои поразговара дописничката на МИА од Атина, велат дека високите температури не претставуваат пречка за да го посетата историскиот археолошки локалитет.

– Топло е да, но што да правиме, ќе издржиме. Не се откажуваме од посетата на Акропол, вели семејство од Шведска додека чека за влез на Акропол.

Туристи од САД со насмевка велат дека се целосно подготвени со сите потребни средства за лична заштита, а со сличен став се и две туристки од Италија, кои трпеливо чекаат додека се ладат со мини вентилатори.

– Лето е, топло е, очекувано беше дека ќе бидат високи температурите и кај нас е исто. Со оглед на тоа што во Атина сме до утре, немаме многу време и затоа денеска сме на Акропол, велат туристките.

Опремени со чадори, капчиња, мини вентилатори, шишиња со вода и удобна летна облека, туристите во Атина, и покрај топлотниот бран, не се откажуваат од посета на Акропол, додека од грчкиот Црв

Поради топлотниот бран, од тимови од волонтери и вработени од секторите за здравство и социјална грижа на грчкиот Црвен крст Црвен крст, како што е пракса при високи температури, спроведоа акција за поддршка и информирање на илјадниците посетители и пред главната билетарница на Акропол, на туристите им делеа води, лепези, креми за заштита од сонце, како и капчиња за најмладите.

Координаторката за здравство во Црвениот крст Јоана Фотопулу за МИА вели дека целта на денешната активност е да се нагласи потребата од хидратација и лична заштита од екстремните температури, а поделени беа 10 илјади шишиња вода.

– Целта не е од нас да земат вода или средства за заштита од сонце, луѓето си носат, туку сакаме да ја истакнеме важноста на мерките за лична заштита: капа, очила за сонце, крема со заштитен фактор, лепеза за да се ладиме. А пунктот за хидратација не е затоа што луѓето не можат сами да си купат вода, туку повторно да нагласиме, да ги потсетиме дека е потребна хидратација со вода, со природни сокови, објасни Фотопулу.

Паралелни посочи дека ова е само една од активностите на Црвениот крст за заптита на јавното здравје, со оглед на тоа што во соработка со Министерството за култура секојдневно постојат два пункта, едниот пред влезот, другиот на Акропол, за прва помош на туристите.

На заминување од Акропол, по улицата што води кон музејот на Акропол, свежа домашна лимонада и ладна вода, нудат и од Осмиот извиднички одред на Атина при Сојузот на грчките извидници.

За освежувањето туристите може да остават колку пари сакаат, а извидниците на штандот имаат порака: „Свежа лимонада од извидниците по цена што сами ќе ја одредите“.

Инцидентот што рано утрово се случи пред една од билетарниците за влез на Акропол, кога маж нападна со нож двајца туристи, не создаде дополнителни проблеми и археолошкиот локалитет функционира непречено.

Кусо по 8 часот, како што претходно објави МИА, маж кој веројатно има психички проблеми, од засега непознати причини со нож нападна двајца американски туристи, жената беше повредена во пределот на ногата и е пуштена од болница, додека мажот, во обид да ја заштити се здобил со поголема повреда на раката е хоспитализиран, но без да биде во опасност неговиот живот.

Напаѓачот веднаш по инцидентот беше уапсен.