Агелер: САД ќе продолжат да ја поддржуваат Македонија


 

Амбасадорката на САД Анџела Агелер, ја честиташе победата на Гордана Силјановска-Давкова на претседателските избори, велејќи дека САД и натаму ќе продолжат да ја поддржува Македонија.

„Моите срдечни честитки до Гордана Силјановска-Давкова за нејзиниот историски избор за прва жена претседател на Северна Македонија. Честитки и за сите оние граѓани кои вчера го искористија своето избирачко право на претседателските и парламентарните избори. Соединетите Американски Држави ќе продолжат да ги поддржуваат целите за просперитет и целосна евроатланска интеграција на оваа земја“, пишува во честитката Агелер.