Аеродром слави полнолетство, ќе се спортува во паркот „Авион“
Општина општина, викендов го прославува својот 18-ти роденден. По тој повод во сабота од 11 часот, Општина Аеродром го организира веќе традиционалниот настан „Спортуваме за Аеродром“ кој со почеток од 11 часот ќе се одржи во паркот „Авион“.
За успешна реализација на настанот, подготвена е богата и забавна програма која опфаќа разни спортски и рекреативни активности за сите генерации, како и креативно катче за литературни и ликовни творби.
Во духот на пролетта, убавото и сончево време кое не очекува овој викенд, ги покануваме граѓаните заедно да се дружиме, спортуваме и забавуваме и на тој начин да го одбележиме јубилејот од формирањето на нашата општина.
Се гледаме во сабота, во 11 часот во паркот „Авион“ во Аеродром!