Адвокатот на Додик нема да присуствува на пресудата во Судот на БиХ


 Горан Бубиќ, адвокат на претседателот на Република Српска (РС), Милорад Додик, рече дека нема да присуствува на изрекувањето на пресудата во Судот на Босна и Херцеговина (БиХ) против Додик и вршителот на должноста директор на Службен весник на РС, Милош Лукиќ.

„Не можам да учествувам во понижувањето на правата, барем кога не морам“, изјавужи Бубиќ за РТРС.

На пресудата нема да присуствува и Миљкан Пучар, адвокатот на Лукиќ.

Додик претходно најави дека нема да присуствува на пресудата.

Судот на БиХ денеска во 13 часот треба да ја изрече првостепената пресуда против Додик и Лукиќ, кои се обвинети дека не ги спроведувале одлуките на високиот претставник во БиХ.

Во Бања Лука денеска во 12 часот ќе продолжи специјалната седница на Народното собрание на РС, свикана за да се зборува за пресудата за Додик, на која ќе се расправа за Информацијата за рушење на Уставот на БиХ, мерките и задачите за заштита на Уставот на БиХ.

Во исто време, пред Парламентот на РС е најавен митинг за поддршка на Додик.