„Адидас“ ја преиспитува соработката со Кање Вест
САД – Германскиот гигант за спортска облека „Адидас“ соопшти дека службено го преиспитува своето партнерство со Кање Вест, откако американската рап-ѕвезда јавно го критикуваше брендот.
„По повеќекратни напори за приватно решавање на состојбата, донесовме одлука да ја ставиме соработката на деловно разгледување“, се вели во соопштението на компанијата.
Раперот деновиве е повторно актуелен со свои контраверзни пораки и јавни настапи, коишто многумина ги толкуваат како намерни провокации.