Адел се разведува по три години брак
Англија- Британската поп-ѕвезда Адел се разведува од сопругот по три години брак и седум години врска, потврдил нејзиниот портпарол Бени Тарантини, пишува британскиот “The Guardian”.
Адел и бизнисменот Сајмон Конецки биле заедно седум години, а се венчаа во 2016 година. Пејачката роди син во 2012 година, а во соопштението за јавноста се наведува дека парот и по разводот “заедно ќе го одгледува своето дете со многу љубов”.
“И двајцата се посветени кон заедничкото одгледување на својот син. Како и секогаш, тие бараат приватност”, изјавил Тарантини и додал дека ни Адел ниту Сајмон нема да даваат изјави по повод разводот.
Адел досега успешно го чуваше приватниот живот далеку од очите на јавноста, од првиот објавен албум. Таа е најпродавана британска пејачка, а зад себе има издадено три албуми со симболични наслови – “19”, “21” и “25”.
Ѕвездата во 2017 година на доделувањето на Греми наградите му се заблагодари на “својот сопруг” и со тоа откри дека е во брак.
Конецки е еден од основачите на проектот “Life Water” и хуманитарниот проект “Drop4drop” кој промовира глобален пристап до чиста и пивка вода.
Без да издаде нова песна и турнеја, Адел заработи 19 милиони долари (скоро 15 милиони фунти) во 2018 година.Во изминатите неколку години, пејачката ја напушти кариерата во позадина и се фокусираше на семејството, што таа често “не го гледаше” според нејзините зборови. Додека таа престојувше дома и се грижеше за својот 6-годишен син, приходите од нејзиниот бизнис скокнаа на 33.000 долари дневно во изминатата година.
30-годишната изведувачка има две музички компании кои се грижат за нејзиниот имиџ и за продажбата на нејзините албуми. Првиот – Melted Stone Ltd оствари нето добивка од 622.548 долари, подружница на Melted Stone Publishing Ltd. заработува 10.523.731 долари.
Овие износи ја прават Адел една од најбогатите жени во индустријата. Има приватен авион со кој патува на емисии и одмори. Тим на стилисти, креатори за шминка и фитнес инструктори се грижи за неа. Таа, исто така, има личен асистент (пар) и нејзин телохранител.
Во моментов, Адел живее во Лос Анџелес, во непосредна близина на Џенифер Лоренс. Се очекува да издаде нов албум кон крајот на декември,годинава.
Адел е единствената ѕвезда која живее само од музика, без ниту една снимена реклама за производ или бренд.