Адам Левин и Бехати Принсло го добија третото дете
САД– Фронтменот на Maroon 5, Адам Левин и неговата сопруга, модел на Victoria’s Secre, t Бехати Принсло го добија своето трето дете, потврдија извори за People. Музичарот и поранешната манекенка се родители на две ќерки, четиригодишната Џио Грејс и шестгодишната Дасти Роуз, а се уште не го откриле полот и името на нивното трето бебе.
Славниот пар е во брак од 2014 година, а Бехати минатата зима изјави за Entertainment Tonight дека долго разговарале за проширување на семејството.
Во септември минатата година Принсло ја потврди веста за третата бременост, а истиот месец на тест беше ставена и брачната идила на славниот пар. Имено, Левин се најде во центарот на скандалот откако инфлуенсерката Самнер Строх изјави дека имал афера со неа. Нејзината изјава поттикна уште неколку жени да се јават, а сите потврдија дека добиле многу сугестивни пораки од музичарот на Инстаграм.
Левин на својот профил негираше дека бил неверен, но призна дека „ја преминал границата“ со неколку флертувачки пораки кои не требало да ги испрати. Обидите на Адам за „секстинг“ набрзо станаа вирален мем на социјалните мрежи, но се чини дека Бехати на крајот му прости бидејќи парот продолжи да се појавува во јавноста заедно.