Абрамович купи имот од 65 милиони долари, најскап во Израел
Израел– Милијардерот Роман Абрамович купи имот во Израел, кој според тамошните медиуми, важи за најскапиот во историјата на земјата. Се наоѓа во елитната населба Херцлија Питуах – северно предградие на Тел Авив.
Абрамович доби израелско државјанство во 2018 година.
Тој платил рекордни 65 милиони долари за својата нова куќа. Во соседството се наоѓаат и резиденциите на некои амбасадори.