Акциски контроли на подрачјето на Центар во Скопје, констатирани повеќе прекршошци, следуваат соодветни поднесоци


Фото: Б. Грданоски

Ноќеска во периодот од 22:00 до 07:00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар со Државниот пазарен инспекторат спроведоа акциска контрола. Притоа, констатирани се 18 прекршоци по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, 12 лица се лишени по член 215 од Кривичниот законик, едно лице е лишено за безобѕирно управување моторно возило, три лица се лишени по член 204 од Кривичниот законик, а пет лица се приведени по член 4 и член 6 од ЗППЈРМ.

-Исто така, за време на активноста беа извршени контроли во неколку угостителски објект, при што во еден од нив беа затекнати седум малолетници кои консумираат алкохол. Додека, пак, забележано е дека тобако продава алкохол на малолетници, по што заедно со ДПИ се преземени мерки за санкционирање, се вели во соопштението од МВР.

Во истиот период, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје спровеле контрола на техно журка, одржана во подземен паркинг Кресненско востание, при што 65 лица се легитимирани, а извршен е преглед на 13 возила, а е едно лице е лишено по член 215 од Кривичниот законик.

Од МВР информираат дека за сите констатирани прекршоци ќе следуваат соодветни санкции.