„Сите зборови што не му ги кажав на татко ми“: Марко Јанкетиќ гостува во Скопје со потресна монодрама во НОБ


Силна приказна за семејството, љубовта, загубата и сите неизговорени зборови ќе ја донесе на скопската сцена српскиот актер Марко Јанкетиќ,  син на легендарниот актер Миша Јанкетиќ во мултимедијалната монодрама „Мрки, нисам ти испричао“ што на 25 ноември во 20 часот ќе гостува во Националната опера и балет. Претставата зад себе има распродадени сали низ Србија и Црна Гора, како и со исклучителни реакции од публиката и критичарите.

Пред премиерата, Јанкетиќ од Белград допатува во Скопје, и на прес-конференција во хотел Мериот одржа прес-конференција како автор и главен носител на ова моќно сценско остварување.

Јанкетиќ истакна дека публиката ја очекува вистински „емоционален ролеркостер“ кој низ силна актерска игра, смеа, солзи и длабока искреност го пренесува личниот однос, семејните приказни, љубовта и загубата.

„Претставата е мој начин да го кажам она што немав можност да му го кажам на мојот татко. Тоа е катарзично патување низ сеќавањата, а целата емоција на сцената ја надополнуваме и со музика во живо, заедно со бендот кој е постојано со мене,“. „Кога ја создававме претставата, не сакав ова да биде тажна патетика. Животот е сплет од смеа и солзи. Затоа ова е вистински емоционален ролеркостер — во еден момент публиката се смее до солзи на нашите семејни анегдоти, а во следниот момент настапува тишина во која секој во салата се препознава себеси и своите сопствени загуби“ изјави Јанкетиќ на прес-конференцијата. 

На прашањето што очекува од македонската публика, тој одговори: „Имам посебна трема и возбуда пред настапот во Скопје. Македонската публика е позната по тоа што има истакнат сензибилитет и висок критериум за театар и музика, го чувствува ритамот и искреноста. Сигурен сум дека на 25 ноември во Националната опера и балет заедно ќе доживееме една ноќ која долго ќе ја помниме.“

Режијата е на познатата српска актерка Анѓелка Стевиќ Жугиќ, а мултимедијалниот концепт, надополнет со музика во живо,