Во Иран егзекутирани уште двајца мажи поради учество во протести
Во Иран денеска се погубени уште двајца мажи поради учество во протестите на почетокот од годината.
Двајцата мажи се обесени поради вмешаност во убиството на полицајци за време на масовните демонстрации во градот Исфахан.
Иранскиот суд соопшти дека погубените биле дел од група, за која се тврди дека била вмешана во убиството на полицајците. Други наводни членови на групата беа јавно обесени во август.
Според активистите за човекови права 14 мажи се осудени на смрт во контроверзното судење, а погубени се девет од нив. Неодамна беше уапсен и адвокатот Амирсалар Давуди, кој застапува обвинетите во случајот.
Во Иран досега се егзекутирани најмалку 37 мажи поврзани со протестите и немирите што избувнаа кон крајот на 2025 година поради економската криза и набрзо прераснаа во масовни антивладини демонстрации. Протестите беа насилно задушени, а илјадници демонстранти беа убиени.
Според Организацијата за човекови права „Амнести интернешнл“ (Amnesty International) во Иран минатата година во Иран биле егзекутирани најмалку 2.159 лица, што е највисока бројка од 1981 година.