Кибернападите врз фрижидерите во малопродажните синџири не се изолирани случаи
Кибернападите врз фрижидерите во малопродажните синџири за прехранбени производи во ЕУ не се изолирани случаи, изјави денесја портпаролот на Европската комисија на прес-конференција како одговор на прашања по извештаите за проблеми во работењето на фрижидерите во неколку европски земји во последните 24 часа.

Тој најави дека Комисијата денеска организира две средби на оваа тема – една со претставници на европските служби, вклучувајќи го и Европол, а втората со претставници на земјите од ЕУ.
-Не е наша работа да го утврдиме сторителот на ваквите дејствија, проверките ги вршат погодените земји, но важно е да се биде подготвен, истакна портпаролот.

Според него, неодамнешните настани уште еднаш покажуваат дека кибернападите можат да влијаат врз испораката на основните услуги и секојдневниот живот на граѓаните.
ЕК, додаде портпаролот, ја следи работата на истражителите и се обидува да обезбеди размена на податоци меѓу земјите за причините и последиците од ваквите напади.