Трамп: САД повеќе нема да му даваат пари на Израел


 Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска изјави дека тој и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху постигнале договор според кој Вашингтон повеќе нема да обезбедува финансиски средства за Израел по завршувањето на оваа година.

„Кога станува збор за плаќање на Израел, Биби Нетанјаху и јас постигнавме договор да му даваме на Израел четири милијарди долари годишно, а пред неколку месеци се согласивме да го запреме тоа“, изјави Трамп за Фокс њуз.

Трамп изјави дека веќе е договорено САД да престанат да го финансираат Израел до крајот на оваа година.

„Сега ќе му помогнеме на Израел ако му е потребна помош“, додаде Трамп.

Од 1946 година, САД му дале на Израел вкупно околу 175 милијарди долари помош, од кои поголемиот дел бил наменет за воена поддршка.

Според актуелниот 10-годишен договор за периодот од 2019 до 2028 година, САД му даваат на Израел 3,8 милијарди долари годишно, вклучувајќи 3,3 милијарди долари воена помош и 500 милиони долари за ракетна одбрана.