Делови од Маџари денеска без струја поради технички зафати на ЕВН
Без електрична енергија денеска од 8:30 до 11 часот ќе бидат дел од корисниците на улиците „Карл Либнехт“ и „Темко Попов“ во населбата Маџари, општина Гази Баба.
Од Центарот за управување со кризи на Град Скопје информираат дека прекинот е поради технички активности во трафостаницата „Маџари 7“, кои опфаќаат чистење, проверка на расклопната опрема и долевање масло во кабловската глава и трансформаторот.
Без струја денеска од 11:30 до 14:30 часот повторно ќе бидат дел од корисниците на улиците „Карл Либнехт“ и „Темко Попов“, поради работи во трафостаницата „Маџари 6“, каде ќе се вршат чистење, долевање масло во кабловските глави и трансформаторот, како и проверка на расклопната опрема.
Од ЦУК додаваат дека прекинот во снабдувањето со електрична енергија е поради зафати на електродистрибутивната мрежа.