Двајца Алжирци ограбиле угостителски објект во Аеродром


Синоќа во 18:50 часот на булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле Д.Е.Х.(24) и М.А.(23), двајцата од Алжир.

Како што се наведува во полицискиот билтен, двајцата странски државјани биле приведени, постапувајќи по претходна пријава од С.Ј.(23) од Скопје, сопственик на угостителски објект на подрачјето на Аеродром во Скопје, дека околу 16:00 часот од шанкот во објектот му одзеле пари.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.