Со ребалансот на Буџетот скратени средства за пречистителната станица во Скопје


Со ребаланост на Буџетот скратени се дел од средставата кои земјава ги има од  кредитната линија на Европската инвестициона банка, а се работи за пречистителната станица во Скопје.

Но, ова не значи дека нема средства за пречистителната станица, уверува министерот Муамет Хоџа.

– Сите средства кои треба да ги уплатиме до крајот на оваа година ги имаме како средства во Министерството за животна средина и просторно планирање, односно во нашиот буџет во Министерството – додаде тој, одговарајќи на новинарски прашања, по денешната прес-конференција во Владата, на која беше најавена дигитализација и дигитално следење на еколошките проблеми во државата.