Дигитализација во МЖСПП – ќе се мапираат и диви депонии


Дигитализација на Министерството за животна средина и просторно планирање треба да помогне во ефикасноста на системот, со која ќе завршат врските и влијането на човечкиот фактор. Ќе се користат податоци за да се бориме со еколошки криминал, а ќе се користи и дигитална транспарентност и автоматизам против системска негрижа. Овие информации ќе бидат достапни за сите граѓани.

– Дигитализацијата е политичка алатка за правда – смета министерот за животна средиона Муамет Хоџа, кој денеска на прес-конференција Владата ги претстави петте модули на дигитализацијата во екологијата. 

Еве што содржат модилите, за кои министерот вели дека во следниот период подетално ќе бидат објаснети во јавноста.

Пет модули на зелен дигитален пресврт
Модул 1: Зелен пресврт низ дигитализација – темели
Претставува дигитална платформа на која може да се видат сите проекти кои ги имплементира Министерството за животна средина

Модул 2: Зелен пресврт низ дигитализација – јадро
Овојк проект значи внатрешно дигитализирање во МЖСПП односно архивата и на просторноинформативниот систем. Дигитализирањето на архивата го работиме заедно со министерството за дигитална трансформација, со цел да кажеме збогум на хартијата и добредојде на дигиталното архивирање кое остава дигитален отпечаток и можност за дигитална форензика.

Модул 3: Зелен пресврт низ дигитализација – време
Во рамките на реформската агенда на Владата како чекор на Министерството за економија и труд предвидено е кратење на 100 чекори на административна постапка се на МЖСПП од кои 15 се предвидени во првата фаза и треба да завршат до крај на годината. Очекувам во следните месеци да имаме целосен развој на овој проект

Модул 4: Зелен пресврт низ дигитализација – земја
Дигитална платформа за мапирање на дивите депонии на сите општини. Дополнително го реализираме пилот-проектот за видео-надзор на дивите депонии кој во овој момент се пилотира на неколку општини.

Модул 4: Зелен пресврт низ дигитализација – воздух

Дигиталниот регистар во кој сите иматели на А интегрирана еколошка дозвола ги внесуваат емисиите кои ги имаат по критериумите на издадената дозвола.