Најмалку 50 мртви откако два брзи воза се судрија во Шпанија
Првичните информации укажуваат на судир во кој еден воз удрил во задниот дел на друг
Два брзи воза се судрија денеска во Шпанија, при што загинаа најмалку 50 луѓе, пишува Си-ен-ен.
Сообраќајот на линијата што го поврзува Мадрид со регионот Андалузија беше прекинат, а информацијата ја потврди и железничкиот оператор Адиф.
BREAKING: Two high-speed trains collide near Toledo, Spain; multiple injuries reported https://t.co/vBwmEHW6JX
— BNO News Live (@BNODesk) October 28, 2026
„Сообраќајот на линијата за брзи возови Мадрид-Андалузија е прекинат откако еден воз се судри со друг“, објавија шпанските железници на X.
Шпанскиот весник Ел Паис објавува дека сведоците зборуваат за бројни повредени и дека екипите за итни случаи се на терен.
Истиот весник наведува дека два вагона излетале од шините и слетале по насипот. Според „Ел Паис“, несреќата се случила кратко по 9 часот по локално време.
Судирот се случил на делот помеѓу Лос Јебенес и Урда во покраината Толедо.
Железничката компанија „Ирјо“ потврди дека нивниот брз воз бил вклучен во сериозна несреќа во близина на Урда и дека се активирани сите протоколи за итни случаи.
„Утрово, нашиот воз број 6076, кој патуваше од Мадрид до Севиља, беше вклучен во несреќа во близина на Урда, на 118-от километар од линијата“, соопшти компанијата.
„Ирјо“ соопшти дека тесно соработува со надлежните органи за да реагира на несреќата што е можно поефикасно.
Судирот предизвика откажување на сите поаѓања од станицата Аточа во Мадрид кон југот на Шпанија на мрежата за брзи железници. Компанијата соопшти дека сè уште не е познато кога би можеле да се обноват услугите.
Генералниот секретар на Шпанскиот железнички синдикат, Рафаел Ескудеро, повика на претпазливост при утврдувањето на причината за несреќата, но предупреди на можни недостатоци во железничката инфраструктура.
Тој истакна дека синдикатот веќе некое време повикува на темелна ревизија на брзата линија Мадрид-Севиља. Според него, првичните информации укажуваат на судир во кој еден воз удрил во задниот дел на друг, што може да биде поврзано со грешка во управувањето со железничкиот сообраќај.
Шпанската министерка за здравство Моника Гарсија предупреди дека последиците од судирот меѓу возовите би можеле да бидат исклучително сериозни.
„Немаме дефинитивен број, но ова ќе биде голема трагедија“, изјави таа за шпанската телевизиска станица ТВЕ.
Министерката потврди дека сè уште нема сигурни податоци за вкупниот број на смртни случаи и повредени и им понуди на регионалните власти секаква потребна помош, вклучително и транспорт на повредените во болниците во Мадрид.
Шпанскиот премиер Педро Санчез, исто така, се огласи, велејќи на Икс дека е шокиран од несреќата во Толедо.
„Службите за итни случаи се на местото на настанот и им помагаат на жртвите, во координација со локалните власти. Јас сум во контакт со властите“, рече Санчез.
Двата брзи воза што се судрија превезуваа вкупно 444 патници, дознава Скај њуз. Според нивните информации, во возот „Ирјо“ имало 147 лица, додека возот АВЕ на шпанската државна железничка компанија „Ренфе“ превезувал 297 патници.
Accidente ferroviario en la línea de alta velocidad entre Los Yébenes y Urda. #renfe #adif #accidente https://t.co/KdQys8zSkp
— demofake (@freeactas) October 28, 2026
Расте бројот на мртви во железничката несреќа во Шпанија – 50: Втора во само девет месеци