Утрово најстудено на Попова Шапка, најтопло во Скопје, Велес и Гевгелија
Најниска утринска температура од минус 3 степени Целзиусови е измерена на Попова Шапка, додека нулата е измерена во Лазарополе, Крушево и Маврови Анови.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, 3 степени се регистрирани во Претор и Охрид, 4 во Берово и Прилеп, а 5 степени во Крива Паланка, Виница, Тетово, Битола и Демир Капија.
Во Штип и Струмица се измерени 6 степени, во Кавадарци 7, додека најтопло било во Велес, Скопје – Зајчев Рид и Гевгелија, со 8 степени.
Во изминатите 24 часа, до 7 часот, најмногу врнежи од дожд се регистрирани во Демир Капија, каде наврнале 3 литри на квадратен метар. По 1 литар на квадратен метар е измерен во Струмица, Претор, Кавадарци, Гевгелија, Тетово, Крива Паланка, Битола, Лазарополе и на Попова Шапка.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, кој наместа долж поширокото Повардарие повремено ќе достигнува брзина над 60 километри на час.
Максималната дневна температура ќе се движи од 11 до 18 степени.
Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од северен правец, кој во делови од котлината повремено ќе биде засилен. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.