Жерновски: Тридневна жалост во ВМРО-ДПМНЕ по поразот на Вучиќ


 

Членот на раководството на СДСМ, Андреј Жерновски, имал чувство дека самиот Христијан Мицкоски да загубел на избори „немаше да биде прогласена оваа тридневна внатрепартиска жалост“.

„За разлика од нашиве ‘патриоти’, Србија, но и и регионот, го слават падот на Вучиќ и почетокот на распаѓањето на неговиот балкански октопод“, вели Жерновски.

Според него, промените во Србија не се само српска работа. Тој вели дека СДСМ не слави туѓа победа или туѓ пораз, туку се слави една искрена надеж дека ова значи отворање на простор за расчистување со корупцијата и заробените институции.

„Христијан ‘Никогаш Северна’ Мицкоски не е случаен партнер на Вучиќ и Орбан. Напротив. Го презеде нивниот модел на владеење, бездушно и заветно овозможувајќи Македонија да стане полигон за нивните политички, безбедносни и финансиски интереси. Зарем има некој наивен кој мисли дека е случајно што токму во мандатот на оваа власт, европските институции преку своите извештаи ја отворија и темата за влијанието на концептот ‘српски свет’ врз нашата држава“, истакнува Жерновски.

Тој нагласува дека по падот на Вучиќ и Орбан „Мицкоски станува сè поизложен, поранлив, понемоќен“.