Мицкоски се слушнал со Срдановиќ. Изразил желба за меѓудржавна соработка
ДОцна попладнево, по цел ден молк, премиерот Христијан Мицкоски, објави дека телефонски разговарал во Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија, кои победија на вчерашните предвремени парламентарни избори и му ја честитал победата.
– Денес телефонски разговарав со проф. д-р Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија.
Му честитав за постигнатиот изборен резултат и победа, му посакав успех во периодот што следува.
Верувам дека добрите меѓудржавни односи, меѓусебното почитување и соработката ќе продолжат да се развиваат во интерес на граѓаните на двете држави – напиша Мицкоски на Фејсбук.
Претпладнето, министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, исто така преку социјалните мрежи информира дека им ја честитал победата на членовите од Студентската листа, по победата во Србија.